Со цел овозможување нови инвестиции, отворање нови работни места и поддршка на локалниот економски развој, Владата обезбеди повеќе атрактивни локации во близина на автопати, регионални и магистрални патишта, кои се погодни за изградба на бензински пумпни станици односно попатни придружно-услужни објекти. Bцртани се маркички за изградба на комерцијални објекти, уредени се имотно-правните односи и одобрена е државна урбанистичка планска документација. Во следниот период се очекува објавување огласи по кои заинтересираните субјекти ќе можат да се пријават за учество во електронско јавно наддавање со цел отуѓување на земјиштето на локациите. Бензински ќе се градат на автопатот Табановце - Гевгелија (М1), од границата со Србија до Грција, потоа на локација Рамниште, Велес, на локацијата Чукур Балар, Велес, во месност Венуле, Градско, Голарија, Росоман и месноста Долна Лака, Демир Капија.
Со цел овозможување нови инвестиции, отворање нови работни места и поддршка на локалниот економски развој, Владата обезбеди повеќе атрактивни локации во близина на автопати, регионални и магистрални патишта, кои се погодни за изградба на бензински пумпни станици односно попатни придружно-услужни објекти.
Како што информира, во недела, портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, вцртани се маркички за изградба на комерцијални објекти, уредени се имотно-правните односи и одобрена е државна урбанистичка планска документација.
„Во следниот период се очекува објавување огласи по кои заинтересираните субјекти ќе можат да се пријават за учество во електронско јавно наддавање со цел отуѓување на земјиштето на локациите", рече Ѓорѓиев.
Бензински ќе се градат на автопатот Табановце - Гевгелија (М1), од границата со Србија до Грција, потоа на локација Рамниште, Велес, на локацијата Чукур Балар, Велес, во месност Венуле, Градско, Голарија, Росоман и месноста Долна Лака, Демир Капија.
„Дополнително, во тек е финална постапка за обезбедување на уште една локација на автопатот Табановце - Гевгелија за изградба на бензинска пумпна станица и услужен центар во месноста Кулето, катастарска општина Виничани, општина Градско и откако ќе биде завршена постапката за изложување на земјиштето, оваа локација, исто така, ќе може да биде предмет на отуѓување по пат на електронско јавно наддавање", додаде Ѓорѓиев.
Во следниот период ќе се објават огласи за отуѓување по пат на електронско јавно наддавање за земјиштето со цел изградба на нови бензински пумпни станици и попатни услужни содржини.
Бензинска пумпна станица и услужен центар на регионалниот пат Ново Село - Кадрифаково - Велес - Прилеп (Р526), на локацијата Корија, Велес, магистрален правец Битола - Беровци - Велес (М5), на магистрален пат Штип - Радовиш - Струмица (М6), во местата Лакавица и Остреш, к на регионален пат Куманово - Свети Николе (Р201), на делницата Штип-Кочани-Делчево (магистрален пат М5).
„Дополнително, Владата разработува и дополнителни проекти чија цел е збогатување со содржини на автопатскиот коридор 10 во насока на обезбедување на услови за вршење бизнис и воспоставување на содржини преку кои ќе може да се остварува дополнителен приход за локалните компании и трговци. Во таа насока се работи на разработка на проектите за организирање и отворање на времени сезонски мали пазари за земјоделски и рачно изработени производи на локации кај Куманово, Велес, Градско, Неготино, Демир Капија, Удово и Смоквица", рече Ѓорѓиев.
Во почетна фаза на разработка се проекти за можностите за обезбедување на локации на кои ќе биде возможно отворање на аква паркови. Првиот просторен потег на кој се разгледуваат опциите е во близина на Велес, кај езерото Младост, а вториот е на потегот помеѓу Струмица и Гевгелија.
Посебно се разработува можноста и опцијата за комплетно уредување и осмислување на содржина на големиот паркинг кој се наоѓа на автопатската делница Катланово - Велес, лоциран на 200 метри од границата на општината Петровец со општина Велес.